Кога фоткиве беа направени, во раните 1970-ти, диското беше нов феномен и уште беше кул.
Потекнува од „discothèque“ – назив за француските ноќни клубови во кои свиреа плочи наместо жива музика. Диското се појави кон крајот на 1960-тите, и тоа пред сé во црните, латино и геј заедниците на Филаделфија и Њујорк.
Комбинирајќи елементи на поп, соул и фанк, раното диско се фокусираше на тоа да ги натера луѓето да застанат на подиумот и да играат. Диџеите ремиксуваа, продолжуваа и селектираа песни и музика во зависност од фидбекот и вибрациите што ги добиваа од публиката.
Диското доби огромна популарност во текот на 1970-тите, но потоа се соочи со критика која доаѓаше пред сé од рок и панк фановите – го обвинуваа диското дека беше премногу безгрижно, банално и дека е бегство од реалноста (за разлика од панкот и рокот кои се занимаваа со општествените проблеми).
Денес, музичари како Daft Punk и Bruno Mars се обидуваат да го вратат. Ама диско со техно и електронска музика никогаш не може да биде исто како тоа од 70-тите што буди носталгија. Нема соул (душа), а нема ни фанк (кул).