Диши длабоко – на Марс: НАСА ќе произведува воздух на „Црвената планета“

Научната фантастика е чекор поблиску до реалноста. Научниците објавија планови за производство на воздух во атмосферата на Марс.

Откако го испрати роверот Кјуриосити на „Црвената планета“, НАСА оди чекор подалеку. Во мисијата до Марс во 2020-тата, тие планираат да вклучат и направа што полека (но сигурно?) ќе ја конвертира атмосферата на Марс во воздух погоден за дишење. Наречена е MOXIE, а е дизајнирана на универзитетот МИТ. Нејзината првична намена ќе биде да генерира неограничени залихи од воздух за првите астронаути што ќе се населат на планетата.

Од друга страна, оптимистичките очекувања се дека MOXIE ќе може да генерира и повеќе од доволно течен кислород на Марс, кој потоа би се искористил како гориво и би им овозможил на астронаутите да се вратат на Земјата.

moxie

Надежите се дека мисијата Марс 2020 ќе ја снабди НАСА, па и човештвото, со многу знаења за тоа како луѓето би можеле да живеат на други планети, тргнувајќи од нашите најблиски соседи.

Мајкл Хехт, од МИТ, вели: „Човечкото истражување на Марс ќе биде антологиски настан за следната генерација, на ист начин како што слетувањето на Месечината веше за мојата“.

Концептот на тераформирање (процес на трансформирање на животната околина на одредена планета, со цел да се направи подобна за луѓе) до неодамна беше само далечна фантазија на научната фантастика. Сепак, ако успешно го изведе планот, НАСА и официјално ќе ја претвори во реалност. Научниците со големи надежи гледаат на можноста да се придвижиме на чекор поблизу кон таквата визија.

- Реклама -