Директорот што се откажа од еден милион долари

Најдобар начин да ги мотивирате своите вработени е со зголемување на платата.

Дан Прајс одлучи дека ќе се лиши од својата годишна плата од милион долари за да ги мотивира сите 120 работници во својата фирма.

Новата минимална годишна плата во Gravity Payments ќе биде 70 000 долари, зголемувајќи се за цели 20 000 долари годишно.

Шефот на компанијата почна да работи во 2004 година и смета дека заработил доволно за да продолжи да се наградува со пристојна сума. Неговата желба е да ја намали својата плата за 80%, добивајќи минимална од 70 000 долари.

Во канцеларијата на Дан работат 100 лица и сите се премногу возбудени од одлуката. Шефот вели дека глбалната проценка на CEO спрема обичниот човек е апсурдна и сака да ги промени работите во корист на своите вработени.

Компанијата работела со трансакции во вредност од 6,5 милијарди долари минатата година, што е за пофалба, имајќи го предвид фактот дека Дан го започнал бизнисот со својот брат од студентскиот дом на Универзитетот.

00026173

 

Текстот е објавен во соработка со VIA Marketing.

 

- Реклама -