Директорот на една фирма во новозеландскиот Крајстчрч смета дека дополнителната физичка активност и зголемувањето на платата ќе внесе нов елан кај неговите вработени, пренесува Guardian.
Иницијативата е покрената со цел да се подигне нивото на енергија кај вработените и да се намали зависноста од автомобилите.
Вработените кои ќе доаѓаат на работа со велосипед ќе заработуваат по дополнителни 5 новозеландски долари дневно (околу 3 евра), а по 6 месеци континуитет, бонусот ќе се зголеми на 10 нз долари. Бонусот ќе биде исплатен еднократно, на крајот на годината.
„Веќе некое размислувам дека би било добро некако да го поттикнеме возењето точак. Јас сум посветен велосипедист, а парите се, очигледно, најдобрата мотивација“, вели директорот Тим Чесни за новозеландски Stuff. „Инстинктот ми вели дека тоа би можело да биде навистина добро за едно работно место. На своја кожа знам дека на работа доаѓам со повеќе енергија“, вели Чесни.
Чесни признава дека дел од работниците на почетокот се жалеле дека во канцеларијата не постои туш, но на крајот иницијативата е прифатена од пет од неговите вработени. Еден од нив признава дека одење на работа со велосипед не е лесно, но го прави затоа што гледано од аспект на неговото здравје, ефектот од возењето точак е подобро од вежбањето во теретана.
„Сега засега е супер. Имам прилика да видам како луѓе хранат патки во паркот или читаат, што е многу поразлично од чекање зелено светло на семафор додека сте во кола“, вели вработениот.
Според податоците на градскиот совет на Крајстчрч, тој град има повеќе велосипедисти од било кој друг град во Нов Зеланд. Низ центарот на градот поминуваат 13 главни велосипедски стази. Во инфраструктура за велосипеди властите вложиле 150 милиони долари.