За перење и пеглање на облека одамна имаме машини. Имаме и за диплење, ама се примитивни и ги викаме „раце“ (мислев да пишам „мајки“, ама ај).
Дејли Мејл го најави Foldimate – првиот робот опремен со фиоки во кои како инпут се става тазе перена облека, а како аутпут излегуваат фино здиплени парчиња. Од компанијата соопштуваат дека на машинаат ѝ требаат не повеќе од 10 секунди, а во фиоките може да се стават меѓу 15 и 20 парчиња облека. Се очекува уредот да чини меѓу 700 и 850 долари, а веќе може да се нарача од сајтот на компанијата со испорака во 2017 година. Во продажба во трговските синџири тој ќе биде пуштен дури во 2018 година.
Медиумите со радост известија за постоењето на Foldimate. Во ера кога е сосема логично да очекуваме дека наскоро роботите ќе нé заменат на сите досадни полиња, ние со лутина прашуваме: Што им требаше толку долго?!