Диносаурусите дефинитивно изумреле поради астероид

диносаурусРог од еден од последните диносауруси конечно би можел да биде неоспорлив доказ дека масивен метеор бил причината за изумирањето на диносаурусите. Фосилизираниот рог долг 45 сантиметри припаѓал на некој член на фамилијата тревопасни диносауруси како познатиот тророг Трицератопс.

Рогот бил најден на геолошки локалитет познат како Hell Creek Formation во пустините на југоисточна Монтана, САД, каде што претходно биле пронајдени голем број фосили од диносауруси. Но она што го прави ова откритие особено впечатливо е неговата локација, само 13 сантиметри под камениот слој кој ја означува границата помеѓу периодите Креда и Терцијар или „К-Т“ границата – точката во фосилните податоци каде што изумираат сите диносауруси.

Ова наложува дека диносаурусите живееле се до времето до кое се губат сите траги за нивното постоење. Научниците веруваат дека тие тогаш изчезнале одеднаш по ненадејна глобална катастрофа а не преку постепено изумирање. Огромен астероид или комета кој удрил во Земјата во близина на брегот на Мексико на крајот на Креда периодот, пред 65 милиони години, се смета за најверојатната причина за изумирањето на диносаурусите. Но некои скептици посочуваат кон недостигот на фосили од диносауруси во трите милиони години пред ударот, што за нив е доказ дека животните веќе биле изумрени кога тоа се случило.

До сега постоел недостиг на фосили во карпите три метри под К-Т границата, област позната како „три метарска празнина“. Теоријата за три метарската празнина помогнала за поттикнување на контроверзноста околу судбината на диносаурусите, дел од кои еволуирале во птици. Некои научници предложувале дека диносаурусите изумреле постепено. Но, фосилизираниот рог ја пополнува празнината. Откритието и дава тежина на идејата дека астероид целосно ги уништил диносаурусите. „Ова откритие ни дава докази дека диносаурусите не изумреле постепено пред ударот“ изјавил доктор Тајлер Лајсон од Јејл Универзитетот во Њу Хејвен.

„Фактот што овој примерок беше толку блиску до границата е доказ дека барем некои диносауруси живееле се до моментот на ударот. Примерокот покажува дека не постои празнина во која не постојат диносауруси кои не еволуирале во птици и ја оспорува хипотезата дека сите такви диносауруси изумреле пред настанот од К-Т границата.“ Научниците посочуваат дека слој дебел 125 сантиметри кој се наоѓа над моментот на ударот е целосно лишен од фосили. [Triceratops horn discovery shows ‘asteroid wiped out dinosaurs’]

- Реклама -