Димитров за „А1он“: Бугарија не дошла за да нѐ oкупиpa, туку за да нѐ обедини

Бугарската армија во Македонија во Втората светска војна била пречекана со цвеќиња како ослободител, а терминот „фашистички окупатор“ е идеолошка пропаганда и не е научно-историски точен, тврди историчарот Ангел Димитров, претседател на бугарскиот дел од мешовитата експертска комисија за историски прашања, во интервју за „А1он“.

Според него, фразата „фашистички окупатор“ е користена како основа на комунистичката пропаганда во време на војната, а потоа се претворила и во јадро на антибугарската пропаганда СФР Југославија, но вистинското прашање, според него, е „Која Македонија била ‘под окупација’ на Бугарија?“.

„Дали мислите на географска Македонија или на некоја непостоечка земја со тоа име?“, прашува Димитров, додавајќи дека Пиринска Македонија била составен дел на Бугарија уште од Балканската војна и дека Србија и Грција склучиле таен договор за поделба на Македонија против својот сојузник, додека Бугарија сѐ уште водела тешки борби против Турција.

Димитров тврди и дека локалните акциони комитети по своја иницијатива ја префлрлале моќта на новата администрација и дека бугарската армија била пречекана со цвеќиња како ослободител. Конфликт, вели, имало само меѓу властите и незначителниот комунистички отпор со кој се соочувале, патем, и во внатрешноста на Бугарија.

Според историчарот, Бугарија не ја споделувала ниту идеологијата на фашизмот. Во блокот на сојузници на Оската таа не пристапила поради идеолошки причини, туку затоа што тоа било можност да се приближи кон „посакуваното национално единство“, во што дотогаш била попречена поради „загубата“ во Првата светска војна. Целото интервју прочитајте го ТУКА.

- Реклама -