Димитров: Не бараме бугарско малцинство во Македонија, тоа би било погрешно

„Не мислам дека постои барање за признавање на бугарско малцинство во Република Северна Македонија. Во донесената декларација од Народното собрание е потцртано дека Бугарија очекува од Албанија да ги обезбеди и гарантира правата на бугарското малцинство таму“, вели во интервју за „24часа“ бугарскиот историчар и претседател на бугарскиот дел од мешовитата експертска комисија за историски прашања – Ангел Димитров, прашан за барањата за признавање на малцинствата, од двете страни.

Димитров истакнува дека веќе има напредок по ова прашање во Албанија, а очекува процесот да продолжи во рамките на процесот на евроинтеграцијата, кон која Тирана се стреми, а Бугарија во тоа, според професорот, ја поддржува.

Што се однесува до признавањето на бугарско малцинство во Македонија, Димитров вели:

„Барање за бугарско малцинство во Р. Северна Македонија би било погрешно, бидејќи во моменталната ситуација тоа означува игнорирање на историскиот контекст и на драматичниот пат до проблемите на денешницата. Тоа што е неопходно и е целосно во духот на демократските европски стандарди е обезбедувањето на политичка атмосфера во која односот кон тие што таму се самоопределуваат како Бугари ќе биде ист како кон секој граѓанин на нашата млада соседка.

Што се однесува до, како што вели, „таканареченото македонско малцинство во Бугарија“, Димитров е дециден дека „историјата одамна го кажала своето“.

„Нacилната македонизација на бугарите во Пиринска Македонија, во смисла на промена на eтничкaта карактеристика, е по наредба на Сталин и во тоа време фаворизираниот од Москва – Тито, со тоа што ситуацијата започнува да омекнува по 1956 година…

Во 1989 година, при падот на комунистичката власт во Бугарија, Белград и Скопје се активираа и го стимулираа создавањето на македонски организации, популаризирани преку формацијата ОМО ‘Илинден’. Со текот на настаните кои драматично ја променија Европа, за среќа и Бугарија, тие формации се стопија како снежни топки и нивните приврзаници се практично статистички незабележливи. Уcилбите на Скопје да ги наруши билатералните односи преку интернационализирано делување на нивните активисти, меѓутоа, неоправдано и бесмислено продолжуваат, затоа на иpeдентизмот треба да му биде ставен крај. Тоа е договорено и во Договорот за пријателство и добрососедство, потцртано е и од декларацијата на Народното собрание“, вели, меѓу другото, Димитров во интервјуто.

- Реклама -