„Моментот за одлука за почеток на преговорите со Северна Македонија е сега. И заслужен е, како што потврдија многумина“, напиша министерот за надворешни работи Никола Димитров на Твитер, објаснувајќи ги причините поради кои земјава заслужува почеток на преговорите.
„Не само поради долгото чекање, или поради широко пофалениот Преспански договор, или поради очигледниот демократски пресврт од 360 степени што го направивме. Туку пред сѐ, поради тоа што 90% од македонските граѓани гледаат на ЕУ како на светилник, извор на надеж, силно верувајќи во нејзините вредности“, напиша Димитров, додавајќи дека позитивна одлука би донела двојна добивка (win – win ситуација) и за државава, но и за регионот, за самата Европска унија, како и за наративот на надежта. „Го молам Советот да го направи правилното нешто“, повика шефот на дипломатијата.
But above all because of the 90% of Macedonian citizens looking at the EU as a lighthouse, a beacon of hope, strongly believing in its values. Because it is a win – win for 🇲🇰, for the Region, for the 🇪🇺 and the narrative of hope. I plea to the Council to do the right thing! 2/2
— Nikola Dimitrov (@Dimitrov_Nikola) October 14, 2019