Димитров до Европскиот совет: За 90% од македонските граѓани ЕУ е светилник, сигнал на надеж!

„Моментот за одлука за почеток на преговорите со Северна Македонија е сега. И заслужен е, како што потврдија многумина“, напиша министерот за надворешни работи Никола Димитров на Твитер, објаснувајќи ги причините поради кои земјава заслужува почеток на преговорите.

„Не само поради долгото чекање, или поради широко пофалениот Преспански договор, или поради очигледниот демократски пресврт од 360 степени што го направивме. Туку пред сѐ, поради тоа што 90% од македонските граѓани гледаат на ЕУ како на светилник, извор на надеж, силно верувајќи во нејзините вредности“, напиша Димитров, додавајќи дека позитивна одлука би донела двојна добивка (win – win ситуација) и за државава, но и за регионот, за самата Европска унија, како и за наративот на надежта. „Го молам Советот да го направи правилното нешто“, повика шефот на дипломатијата.

- Реклама -