Dimish: Сите сме во слична ситуација, песната е за сите нас

Трн: Музичкиов стил како го викате?

Dimish: Па, конкретно за оваа песна не сум сигурен, бидејќи звукот на моите изданија варира, па ајде да речеме Панк/Рок.

Трн: Што е пораката на песната?

Dimish: Нема конкретна порака, се зборува за нашите умови, колку тие нѐ „јадат“ и нѐ носат до некои ситуации во кои не сме очекувале дека ќе се најдеме. Направена е за сите нас, за сите оние кои мислат дека се сами во нивните мисли… НЕ СЕ! Сите поминуваме низ слични, ако не и исти ситуации.

Можеби песната се вика „Што и да видиш во мојот ум, не кажувај никому“, но што и да видите во нечиј ум, кажете некому. Не оставајте времето само така да поминува. На сите нам ни треба помош во тешки денови, не можеме сами да пребродиме сѐ!

Трн: Кој свири на неа?

Dimish: Свирам јас, односно Dimish. Сите мои песни досега се смислени, отсвирени, снимени и продуцирани од мене, сѐ правам јас во овој соло-проект, барем за музичкиот дел, за промоција на песните и закажување настапи во живо.

Трн: Живи настапи?

Dimish: Сега за сега ништо не откривам, сѐ уште сум во преговори. Но, се трудам колку можам да свирам. Во 2023 имав доста настапи, оваа година малку послабо. За жал, сите знаеме каква е ситуацијата во оваа држава, среќни сме и да отсвириме во некој подрум.

Трн: Кога следната песна?

Dimish: Не сум сигурен ни јас. За сите изданија и синглови досега имав однапред испланиран датум. Овој пат, одам слободно. Кога ќе биде сѐ готово, ќе најавам. Според моите пресметки, би требало следната да излезе во ноември, ама следете ме на мојот Инстаграм профил, таму ги објавувам сите информации.

Dimish продолжува да се движи по својот пат, полн со неизвесност, но и со страст кон музиката. Секоја негова песна е лично доживување кое го споделува со публиката, отворајќи теми кои ги засегаат сите нас.

- Реклама -