Чудно е што врвните DSLR како Canon 5D Mark III или Nikon D800 може да снима само по 30 минути видео. Фрустрира и фактот што не се работи за технолошко ограничување. Но таа граница наскоро би можела да биде отстранета.
Триесет минутното ограничување всушност постои за производителите на камери да не плаќаат данок од 5,6 проценти кој важи за голем број направи, меѓу нив и „видео камери“. Таа ознака почнува да важи по триесет минути видео. Нема шанси компаниите да го толерираат тој данок кога не постои побарувачка за подолги снимки.
Но нов исклучок на СТО ќе ги опфати и видео камерите, ослободувајќи ги од данокот со што ќе се отвори можноста за видеа од над 30 минути. Но дали тоа ќе биде добра работа? Во моментов 30 минути се долго снимање без некакво обезбедување. Сензорите во DSLR веќе се преоптоваруваат па што би значеле два или осум часа снимање на еден фајл? Ризик, ако ништо повеќе. [Digital cameras could soon be able to shoot videos for longer than ever – but is that better?]