Дигиталната технологија е иднината на економијата

Дигиталната технологија се развива брзо, но дивидендите од овој бизнис заостануваат значително. Недостасува јасна врска помеѓу корисникот, фирмата и државата. Ова го покажуваат податоците од годишниот извештај на Светската банка за развој во 2016 година.

Основна цел во времето на технолошкиот напредок, треба да биде обезбедување на еднаков пристап до интернет за сите, но прво земјите треба да научат како да ја користат дигиталната револуција за свои цели.

618x346

Денес во земјите во развој има повеќе домаќинства со мобилен телефон, отколку со пристап до електрична енергија или проточна вода, покажуваат заклучоците на извештајот.

70% од луѓето во дното на економијата поседуваат мобилен телефон. Бројот на интернет корисници е помножен повеќе од три пати во изминатата деценија и на крајот на 2015 регистрирани се рекордни 3,2 милијарди лица.

Информатичките и комуникациски технологии им помагаат на компаниите, владите и обичниот човек, со тоа што ја намалуваат цената на различни трансакции – од пребарувањето и добивањето на информации, процесот на донесување одлуки и извршувањето на трансакции.

Технологијата може да стигне до секој, но и покрај тоа се уште не се користи во обемот во кој би требало, покажува уште извештајот.

Многу од најсиромашните веќе имаат пристап до финансиски услуги, бидејќи кредиторите можат да ја следат кредитоспособноста на клиентите преку нивните телефонски досиеја. Продавачите можат да се вклучуваат во глобалниот пазар од секоја точка на светот, а дигиталната идентификација обезбедува пристап на повеќе луѓе до различни видови на услуги. Сепак, несомнено најголемата предност на дигиталната технологија е фактот што тие го поврзуваат бизнисот со луѓето и владите, што доведува до поголема ефикасност.

digitalna

Во меѓувреме продуктивноста на глобално ниво се намалува.

Пазарот за вработување станува се повеќе поларизиран, што се одразува и врз фер и транспарентно спроведените избори. Загрижува фактот што тоа продолжува да се случува и покрај доаѓањето на технологијата во секојдневниот живот.

Ова е резултат на две причини: од една страна, 60% од целото население на земјата се уште нема интернет конекција, а од друга страна, недостасува заеднички орган кој ќе ги следи интернет трансакциите, а тоа доведува до контрола на елитата.

Не е изненадувачки фактот што образованите и најспособните имаат најмногу корист од популарноста на дигиталната револуција.

Статистиката покажува дека 6 милијарди од населението на Земјата нема брза интернет конекција, речиси 4 милијарди немаат пристап до интернет, а скоро 2 милијарди немаат телефон.

Извештајот покажува дека финансиските можности, возраста, полот и местото се одразуваат врз успехот на технологијата. Во Африка најбогатите 60% имаат три пати повеќе можности за пристап до интернет од најсиромашните 40%.

Во Европската унија има разлика не само помеѓу класите внатре во земјите, туку и во тоа што граѓаните на богатите европски држави користат интернет три пати повеќе од граѓаните на посиромашните источни земји.

Затоа и приоритет во моментов е обезбедувањето на универзален пристап до интернет по пристапни цени. Иако различните технологии поевтинуваат во последниве години, надоместоците за пристап уште варираат.

Потешко е сепак интернет просторот да се задржи слободно и безбедно. Кога содржината се филтрира и цензурира, социјалните предности на технологијата се намалуваат.

Од друга страна, владите треба да подготват заеднички план за регулирање на различните компании онлајн. Ако вработените во компаниите се надлежни да ги користат новите технологии, нивната продуктивност и платите им се зголемуваат. Ако тоа сепак не е така, тие се осудени на спротивното – пониски плати и продуктивност.

4152-itok=7Lp4JJv7

Многу влади успешно ја применуваат удобноста на технологијата.

Тие обезбедуваат како подобар пристап до информации, така и спроведување на различни постапки полесно. За да се подобри односот помеѓу човек-фирма-држава, сепак во дигиталниот век, треба да се започне од земји со слаб интернет пристап. Тогаш задачата на владите е да се продлабочи користењето на новите технологии и интернет просторот.

За земји кои користат релативно многу технологијата, задачата е да се обезбеди еднаков пристап за сите. За овие држави, чија што економија веќе се претвора во дигитална, задачата е да се решат проблематичните зони на интернет просторот.

“Врска за секој” продолжува да биде главна цел и голем предизвик. За да можат земјите да ги користат предностите на дигиталните технологии сепак, тие прво треба да изградат вистинска атмосфера за развој на технологијата.  Кога ќе се изгради здрава аналогна основа, тогаш добрите на дигиталната технологија ќе се почувствуваат во брзиот раст на економијата, повеќе работни места и подобри услуги.

- Реклама -