Дигитализација на учебниците на УКИМ

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде еден од првите универзитети во регионот и светот што ќе ги дигитализира своите учебници со цел да бидат подостапни за студентите.
За таа цел е потпишан Меморандум за разбирање и соработка со Фондацијата за негување на македонското културно наследство „МАКЕДОНИКА“ – Скопје, која е лидер во електронското издаваштво.

Со ова се потврдува започнувањето на заедничките проекти на овие две институции од областа на електронското издаваштво и воведувањето нови аудио-визуелни пристапи во идните изданија. На почетокот ќе бидат објавени е-учебници од неколку факултети.

На овој начин Македонија се доближува до светските трендови за создавање безхартиено академско општество.

Ова е голем чекор кон поквалитетно и модерно универзитетското образование со што УКИМ ја задржува лидерската позиција во Републиката.

mak

- Реклама -