Диетата на Анџелина Џоли

Анџелина Џоли  започнала да се храни како птиците. Имено, таа  преминала на диета со древни зрнести култури во стремеж да го зачува здравјето. Актерката  преминала на храна која вклучува просо и семиња.

„Енџи отсекогаш била фан на најздравите семиња и житни култури. Неодамна таа помина на целосно нова диета. Почна да јаде само производи произведени на основа на „житни култури од антиката “и тоа  за позитивното влијание врз нејзиното  здравје. Според неа тие  обезбедуваат хранливи материи кои не може да се конзумираат преку други производи, а освен тоа и кожата и била повеќе светла “, изјави  извор на американските медиуми.

Бред и Анџелина излегоа на романтична вечера,  а наводно, Бред Пит бил загрижен дека неговата сакана не се храни доволно.

 

И досега витката фигура на актерката и режисер била предмет на шпекулации. Во 2011 година се  појавија гласини дека таа конзумира не  повеќе од 600 калории на ден.

 

- Реклама -