Ди-џеј и месечина

Во нашата музичка подрубрика, каде што често знаеме да промовираме млади ентузијасти кои со љубов му се имаат посветено на одреден жанр, денеска „возиме“ за Прилеп, каде ќе се запознаеме со 22 годишниот Дарио Сајо Сајоски.

Тој доаѓа од централниот дел на Македонија и е активен во музиката од областа на Ди џејството и продуцирањето веќе 7 години.

„ Во оваа сфера досега сум имал безброј настапи во ноќни клубови, кафичи, барови вклучувајќи го и Пиво Фест на електронската музичка сцена“, вели Сајо, како опис на неговата досегашна кариера.

Тој додава дека и на продукциски план котира солидно.

„Имам понуди од неколку продуцентски куќи за кој што треба да се одлучам до крајот на следниот месец во кој ќе следуваат и многу траки кои ќе бидат подржани од светски артисти и за кои има зелено светло“.

Прочитајте и:  На „темната страна“ на Месечината имало активни вулкани

10699717_10204701971334885_7510286684620624425_o

Засега ни претстави еден ремикс на Калиопи, на кој што е особено горд, а најави и изненадување во блиска иднина.

„Ремиксот на оваа прекрасна нумера од Калиопи го направив за да се оживее оваа песна. Исто така, наскоро ќе објавам и ремикс на песна од незаменливиот Тоше Проески“.

Да слушнеме како звучи „месечината“ на Калиопи, на небото на младиот Прилепчанец.

- Реклама -