Во вторникот шоуто X faktor го напушти дуото H2O кое го сочинуваа Фифи и Маринела Џогани, па така Џоле излезе со своја изјава во српските медиуми.
Според него жири комисијата не може да се договори меѓусебно, односно евидентно е колку тие не се поднесуваат.
„ Не сакам премногу да го напаѓам Жељко, но на него од самиот почеток му пречеше малиот Фифи. Членовите на жирито не можат самите со себе да се усогласат. Јасно се гледа дека меѓусебно не се поднесуваат и дека не функционираат. Јас можам да направам ѕвезди од децата. Кога никој не сакаше да комуницира со Фифи, мојата ќерка го прифати. Таа не обраќаше внимание на тоа што тој е трансвестит затоа што така е воспитана. Во Фифи најде пријател со кој одлично функционира во поглед на музиката. Маринела за една година, со вежби и подготовки, ќе стане голема музичка ѕвезда. Мојата ќерка ја пријави Слаѓа и Силвија, а јас ќе и помогнам во кариерата. Тука сум за се што и треба“, изјави Џоле.