Џиновскиот дијамантски рудник што голта хеликоптери

Рудникот Мир, попознат како Мирни (според градот каде се наоѓа), е една од најголемите дупки ископана од човечка рака во светот. Се наоѓа во старата Јакутска автономна советска социјалистичка република, денес Источен Сибир. Советските геолози го откриле на 13 јуни во 1955. Рудникот е 525 метри длабок, и со тоа четвртиот најдлабок во светот, а има дијаметар од 1200 метри.

Mirny[1]

Ленин

Научниците Јури Кабардин, Екатерина Елагина и Виктор Авдеенко најдоа траги од вулканскиот камен кимберлит, кој обично се поврзува со дијамантите. Кабардин заслужено ја доби наградата „Ленин“, која во тоа време беше една од најпрестижните во Советскиот Сојуз. А приказната на Мирни почнува во 1957.

Mirny-Eng-Ru2-1[1]

Спас за Русија

Советскиот лидер Јосиф Сталин беше тој што нареди конструкција на рудникот и тој што ја реизгради земјата по деструкцијата на Втората светска војна, и тоа токму со парите од рудникот Мир. Од друга страна, конструкцијата на Мирни воопшто не беше лесна. Пред сé, временските услови во областа се многу тешки – зимата трае околу седум месеци и чесно достигнува -40° Целзиусови. Научниците и градежниците имаа проблеми дури и со пробивањето на пермафростот – не им успеа да го стопат доволно, па мораа да употребат динамит.

Mirny-construction[1]Дијаманти во вредност од 13 милијарди фунти

Рудникот беше најголем дијамантски рудник во Советскиот Сојуз. Во 1960-тите, произведуваше 10.000.000 карати (2 тона) дијаманти годишно, со што имаше голем удел (20%) во светскиот пазар на скапоцености. Проценката на 13 милијарди фунти е основана на тоталната вредност на сите дијаманти произведени во рудникот преку целото негово работење.

Mirny-Mine1[1]

Горните слоеви на рудникот (до длабочина од 340 метри) содржеа многу дијамантски материјал, од 4 карати на тон камен, што исто така вклучува и голема количина на скапоцени камења и индустриски камен. Еден од најголемите ископани дијаманти беше со големина на голф топче, 130,85-каратниот дијамант „Олонко“, вреден околу 250.000 фунти.

Mir-Mine3[1]„Дијамантите се вечни“

Истовремено, лидер на светскиот пазар и дистрибутер на големи количини на дијаманти беше компанијата De Beers.

Тоа беше првата компанија што ги презентираше дијамантите како симбол на љубов и обврска, проследено со интензивна маркетинг кампања и интензивно успешна маркетинг стратегија. Токму така настана еден од најзначајните слогани во адвертајзингот – „Дијамантите се вечни“ од 1947 година, кој и официјално е прогласен за најдобриот адвертајзинг слоган на 20-от век.

На темата: Зошто се дијамантите толку скапи?

Кратка хронологија

Со рудникот првично оперираше „Сака“ – Јакутската автономна советска социјалистичка републичка дијамантска компанија. Потоа го презема „Арлоса“, која денес е најголемата руска дијамантска компанија и има 3.600 вработени.

Во 1970-тите, Арлоса конструираше мрежа од тунели за подземни дијамантски ископувања, и работеше како подземен рудник сé до 1999 година. Во меѓувреме, со декади, Мирни претставуваше и истражувачки проект со бушење, кој достигна длабочина од 1220 метри, а беше трајно затворен во 2004 година.

Според последниот попис од 2010 година, во Мирни живее популација од 37.188 жители.

Mirny-Eng-Ru-1[1]

Забрана за хеликоптери

Во меѓувреме, Русија им забрани на големите хеликоптери да прелетуваат над Мирни, за да се избегне можноста од „вшмукување“. Таа е последица на фактот што рудникот создава големи воздушни вртлози, кои официјално се сметаат за доволно моќни за да вшмукаат хеликоптери во длабочините.

На својот блог, Флечер ДеЛенси го објаснува ефектот вака:

„Ако една дупка е доволно длабока – а пола километар веќе се квалификува – земјата го загрева воздухот во неа. Колку подлабока е дупката, толку потопол е воздухот. Топлиот воздух се крева, а студениот воздух тоне, па со оглед на големата разлика во температурата на воздухот во дупката и тој надвор, добивате прилично големо движење на воздухот.

Така, две нешта се случуваат. Прво, топлиот воздух што се крева од дупката е поредок и им дава помалку кревачка моќ на роторите на хеликоптерот отколку студениот воздух низ кој леталото веќе лета. Бидејќи промената на температурата е екстремно нагла кога хеликоптерот прелетува околу дупката, пилотот може да изгуби многу висина додека успее да ја прилагоди брзината (читај: да го зголеми бројот на вртежи на роторите) и да компензира за опаѓањето на  кревачката моќ.

Истовремено, студениот воздух кој се „сипува“ во дупката од сите можни страни, создава прилично хаотичен ветер. Ако хеликоптерот загуби доволно висина за да влезе во протокот на студениот воздух, може многу лесно да се смачка во страничните ѕидови на рудникот пред да има шанса да избалансира.

http-media.englishrussia.comnewpictureshow-are-russian-diamonds-being-mined0_7e805_a96a95a3_orig_full.jpg3_[1]

Футуристички град

Иновативното архитектонско студио AB Elise најави дека планираат да изградат џиновски покриен град со купола во сега веќе неупотребуваниот рудник. Ќе се вика Eco-city 2020, a е дизајниран по предлогот за рехабилитација на индустриската зона во Мирни. Градот ќе користи соларна енергија, со која ќе ги напојува домовите на 100.000 луѓе.

Mirny-eco-city[1]

- Реклама -