Џиновски снежни топки прекрија плажа во Сибир

Siberiasnowballs4[1]

Изгледа како некаква уметничка инсталација или разгледница од некоја друга планета, но всушност ова е фотографија од плажата Нида во Сибир. Ова се всушност снежните топки, природно формирани, кои варираат во дијаметар – од неколку сантиметри, па до неколку педи. Почнаа да се појавуваат пред околу две недели, и оттогаш успејаа да покријат голем дел од 17 километри долгото крајбрежје.

Иако се многу ретки, ваквите „бисери“ сме ги виделе и порано. Еден од примерите е езерото Мичиген во 2014-та година.

Па, како се формираат? Се работи за уникатна комбинација од екстремно ниски температури, ветер и вода. „Кога водата во заливот се накачила, дошла во контакт со мразот. Плажата почнала да се покрива со мраз. Тогаш водата почнала бавно да се повлекува, а мразот останал. Неговите парчиња се тркалале во мокриот песок, и се претвориле во овие топки“, вели Сергеј Лисенков од Arctic and Antarctic Research Institute. „Тоа е редок природен феномен“.

Siberiasnowballs2[1]

Siberiasnowballs3[1]

Siberiasnowballs1[1]

- Реклама -