На еден од крововите во лондонски Шордич се појави џиновска цицка. И не го мислиме тоа „цицка“ онака вулгарно, туку каква што во суштина е – дојка, за цицање.
Се работи за инсталација на надувување поставена од организацијата Mother London со конкретна цел – да ја подигне свеста околу социјалната стигма кон доењето. Или кога би можеле да зборуваат искрено: да ги навикне оние што се жалат дека им смета глетката на цицка при доење во јавност, за веќе да не им смета… глетката на цицка при доење во јавност, нели.
Малку е жално во денешно време ова да е проблем што вреди да се спомнува. Мајка го доела бебето во јавност – wow, многу страшно. Ајде сите да приредиме тантрум. Да ја искараме. Да ја потрупаме со навреди. Да ја убиеме? Или да смислиме нешто бизарно, како тоа да мора да го покрие бебето преку лицето со крпа… ох, чекај, па тоа некои мајки веќе го прават, во страв од јавниот линч.
Енивеј, дајте да го решиме проблемот со мајките што извадиле цицка во јавност, и така после, раат, со сите други решени проблеми, да се вратиме на вештачките цицки на Карлеуша кои барем 20 пати ќе ги видиме денес по македонски портали (тоа се 40 цицки еееј, порничите башка), или еве – да се вратиме на Ники Минаж, на која пола свет ѝ се восхитуваше зашто отишла да гледа некоја си модна ревија со една гола цицка. Мислам, што е пораката што сакаме да им ја пратиме на мајките? Дека гола цицка = супер, ама бебе на гола цицка = НИКАКО!?
Е сега, од друга страна, некои од тие мајките што дојат во јавност се бунат дека некој чудно ги погледнал. Е јебига. Ако веќе мораш да доиш во јавност, ќе се навикнеш. Секогаш ќе има некој што тоа ќе му биде ретка прилика да види цицка во живо, ама таквите не треба да те интересираат. Зборот ми е, во јавност ќе те погледнат чудно еден куп луѓе, и за куп причини. Ама тоа е повод за тепачка (и кавга) само меѓу тинејџери, можда во Чаир (и таму се оправија), и меѓу пијани ропаци во дискотеки и кафани.
Така да, дајте луѓе да олабавиме. Па сигурно имаме попаметна работа, нели? Ако немаме, да си најдеме, и секој да си ја брка својата.
А за тие што не се сложуваат, еве им, па нека навикнат: