Уметникот Ервин Лорант Ерве создаде импресивна скулптура наречена „Popped Up“ која претставува гигантски човек како излегува ползејќи од земја.
Скулптурата од стиропор се наоѓа на плоштадот Сечени во Будимпешта, Унгарија, и тој бил еден од главните и највпечатливите дела за Пазарот на уметнички дена Будимпешта 2014, меѓународниот саем на современа уметност.
Пазарот на уметнички дела во Будимпешта е годишна изложба и саем на уметноста, кој ги става современата централна и источно-европска уметност и култура во центарот на вниманието. Покрај уметничките изложни, саемот се состои и од дискусии и дебати, интервјуа на уметници, промовирање на книги, презентации и други настани.