Јун Сун На е џезерка од Кореја, со космополитски глас и уште покосмополитски пристап кон репертоарот.
Нејзиниот џез изобилува со огромна импровизација и прошетка низ жанровите.
Јун Сун На успева да биде мека и нежна, со изразена агресивност во некои делови од нејзината интерпретација.
Таа има и остар вкус кон мјузиклот и шансоната (учела џез пеење во Париз и живеела таму), па се до рок парчињата на Том Вејтс и Металика.
Време е за џез.