На денешниот брифинг со новинарите, претседателот на Собранието – Талат Џафери, уште еднаш повтори дека претседателот Ѓорге Иванов „има уставна обврска да ги потпише“ Законот за јазици и Законот за ратификација на Договорот со Грција.
Сепак, без оглед дали Иванов тоа ќе го стори или не, Џафери ќе ги објави законите во Службен весник набрзо штом ќе се усвојат уставните амандмани, порача тој.
Ако Иванов дотогаш не ги потпише (а најверојатно нема), Џафери ќе го смета својот потпис за доволен, бидејќи, како што вели, „никој не смее да ја попречува волјата на Собранието“.
Седницата за уставните амандмани е закажана за 9 јануари, а Џафери очекува да заврши до 15 јануари, главно бидејќи пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да присуствува.
Извор: НОВА