Џафери: Моите одлуки за иницијативите за референдум се исправни

„Имајќи ги предвид моите шест пратенички мандати и ова искуство како претседател на Собранието во втор мандат, функција која првенствено подразбира преземање одговорност, немам дилеми дека двете одлуки што ги донесов се сосема исправни, вклучително и овие за иницијативите за референдумите. Во тој контекст јас ништо не сум направил што е надвор од моите надлежности“, вели собранискиот спикер Талат Џафери.

Џафери, во интервју за „Слободен печат“, посочува дека особено во овој период имаат обврска да обезбедат функционалност на Собранието.

„Јас укажувам на сите дека Собранието, поготово во овој период кога веќе сме отпочнале процес, треба да е функционално, да ги заврши своите обврски пред сѐ за да обезбеди функционалност на другите институции. Никој не треба да се смилува за да профункционира Собранието во полн капацитет, согласно потребите на државата и на нејзините граѓани, туку секој треба да си ја провери сопствената совест и одговорност“, вели Џафери.

Прочитајте и:  Левица со кривична пријава против Африм Гаши поради неодземањето на мандатот на Талат Џафери

Тој верува во одговорноста на пратениците пред граѓаните и државата како уставна обврска и потсети дека се водат преговори во процесот „Жан Моне“ за да се прецизираат деловничките одредби околу улогата и надлежностите на собраниските комисии за собранискиот пленум да не биде заложник на политички и теснопартиски хирови.

МИА

- Реклама -