Џабе патот? Иронијата на климатскиот самит во Париз

На Конференцијата за климатски промени во Париз учествуваат лидери од целиот свет, со надеж за изнаоѓање решение за да се спречи или барем намали глобалното загревање. Но од друга страна, токму самитот се очекува да резултира со стотици илјадници ослободени тони јаглероден диоксид во атмосферата, и сето тоа со веројатно мали шанси за преговорите да се покажат ефективни.

paris_eiffel_tower_climate-theenvironment.co_.in_[1]Дипломати, делегати, помошници, активисти, новинари, невладини организации, па дури и средношколци – преку 50.000 луѓе (ќе) присуствуваат на разговорите кои започнаа во понеделникот. Гостите доаѓаат од 195 земји, во надеж дека ќе се постигне меѓународен договор со кој ќе се утврди најдобриот начин за борба против климатските промени. Но, цената за да се донесат сите тие луѓе од разни катчиња на планетата на едно место, воопшто не е евтина. Згора на тоа, парискиот самит ќе не чини огромни дополнителни CO2 емисии. Со оглед на најоддалечените градови од каде ќе има претставници, просечната далечина што секој присутен на самитот ќе треба да ја пропатува изнесува речиси 14.500 километри. Најголем дел од патувањата ќе бидат остварени со авион, што значи дека, грубо пресметано, ќе се потрошат 27 милиони галони млазно гориво, единствено на превоз на гостите до Париз и назад.

„Кога ќе согори, секој еден од тие 27 милиони галони гориво ќе ослободи околу 9.5 килограми карбон диоксид во атмосферата. Севкупно, авионите што ќе летаат до конференцијата во Париз ќе ослободат околу 260.8 милиони килограми CO2“, вели Ник Стоктон за Wired.

Taa бројка (575 милиони фунти) е само мал дел од глобалните годишни емисии од 80 квадрилиони фунти, но иронијата и понатаму останува да боде очи, особено земајќи го во предвид фактот што разговорите веројатно ќе постигнат многу малку.

12325333_10206605609713936_766061997_n[1]

Било каков договор во голема мера би зависел од САД – еден од најголемите емитери на гринхаус гасови, во чиј конгрес има добар дел на конгресмени кои го негираат постоењето на климатските промени (како последица на човечки фактор) и би можеле да ја оспорат имплементацијата на евентуалниот договор. Другиот страв е дека дури и да се прифати солиден меѓународен план, неговата имплементација би се одвивала многу тешко. Без вистински казни за тие што би го прекршиле, земјите би имале малку мотиви да се придржуваат кон договореното.

- Реклама -