Ашол Пан има само 13 години и живее во Монголија. Иако толку млада, таа е првата девојка која успеала од најголемиот грабливец да направи свој миленик и пријател.
Се верува дека таа е единствената девојка која со златниот орел лови лисици и зајаци во планините во Монголија.
Распонот на крилјата на оваа неверојатна птица е речиси два пати поголем од висината на девојчето, но не ја плаши оваа девојка.
Моментално таа тренира лов со орелот со уште пет деца.
Кога ќе ја заврши обуката еден ден ќе замине со својот орел на минус 40 во лов на лисици и зајаци, за да донесе храна во домот.
Во Монголија вакви ловци се обучуваат скоро 2000 години и тоа секогаш било машка работа.
Орлите после раѓањето веднаш се земаат од гнездата. Кога ќе му заврши неговиот „работен век“ се пушта во дивината.
Ритуалот е секогаш ист, ловците на планината оставаат убиена овца како храна за орлите. Со тоа станува сигурен дека орелот ќе продолжи да живее во природата и со тек на годините ќе има и млади.