Девојчето што се удави во Вардар бегало од кучиња

Како што известуваат од МВР, вечерва околу 19:15 часот, граѓани од Гостивар пријавиле дека малолетно девојче, бегајќи од група улични кучиња во близина на болницата во Гостивар, паднало во реката Вардар.

За жал, по потрагата во која покрај полициските сили и институциите беа вклучени и граѓани, вечерва околу 22 часот кај Балиндол, Гостиварско, локални жители од селото го пронашле, а полицијата го извлекла безживотното тело на 17-годишното девојче од водите на реката, пренесува Гостивар прес.

 

- Реклама -