Девојче во сон пешачело 5 километри до соседниот град

Едно девојче од Норвешка го исплашило своето семејство кога сред ноќта, на невреме станала од својот кревет се прошетала до соседниот град, пишува Би-Би-Си.

Полицијата го пронашла девојчето, кое за среќа не било повредено, во градот Хонингсванг во Норвешка.

Тетката што се грижела за неа и нејзините 3 млади сестри, додека мајка им била на одмор, биле шокирани од повикот на полицијата бидејќи биле убедени дека таа спие.

– Се стрчав во нејзината соба откако ми кажаа  дека таа не е дома.

Foto-ilustracija: Foter.com / thejbird

Неименуваното девојче се сеќава дека сонувала како нејзината куќа гори и дека ја отклучила вратата и ги облекла чизмите. Надлежните се сомневаат дека девојката прво отишла до најблиската фабрика за риба, а потоа во тунел долг 800 метри.

– Мора да била надвот неколку часа, по ова лошо време, студ и грмотевици. Дури и внатре се чувствуваше силен ветар, додала тетка и загрижено, иако не и било сосема јасно кога и како дошло до оваа неверојатна случка.

 

- Реклама -