Опремена со мало лопатче петгодишната Емили Балдри успеала да ископа редок фосил за кој се претпоставува дека е стар над 160 милиони години. Емили го нашла примерокот тежок околу 57 килграми во Водниот Парк Котсволд во Глоучестершајр со помош на нејзиниот татко Џон.
Фосилот на Rieneckia odysseus, кој има дијаметар од околу 40 сантиметри, е остаток од организам кој живеел во океанот во периодот Јура. Фосилизираното морско суштество има спирална школка со формации слични на рогови долги околу 3 сантиметри за одбивање на предатори. Овие формации биле причината поради која Емили му го дала прекарот “Spike”. Фосилот бил затворен во блок од скаменет кал, па Емили го доверила на геологот Невил Холингворт за реставрација.
Таа повторно го видела својот фосил во неделата во Gateway Information Centre каде што Spike е изложен. Емели, која живее во Чипенхам, Вилтшајр, рекла: „Многу сум возбудена што го видов. Бев многу среќна кога првпат го видов а сега изгледа многу мазно.“ Нејзиниот татко додал: „Неверојатно е колку многу работа била потребна за реставрирање на Spike. По овдешната изложба ќе го однесеме дома, но ќе биде тешко да му најдеме добро место бидејќи имаме мали деца а фосилот е многу боцкав.“
Емили, која сега има шест години, го открила фосилот во март минатата година за време на нејзиното прво археолошко ископување. Доктор Холингворт, кој поминал цела година во реставрирање на фосилот, рекол: „Ова е првиот амонит од овој вид откриен во цела Британија. Сите останати откритија биле само фрагменти.“ [Emily Baldry, 5, digs up rare 160m-year old fossil at Cotswold Water Park]