Тешко на оној кој ќе се обиде да и ја „украде“ славата на невестата. Меѓутоа, на ова девојче му појде од рака да стане ѕвезда.
Фотографот Леа Булард присуствувала на венчавката на Антонија Палерма и Мишел Хол во Кноксвил, во американската сојузна држава Тенес.
Четиригодишната ќерка Андерсон станала ѕвезда на церемонијата и апсолутен хит на интернет, а нејзината мајка не и се налутила.
Имено, во текот на вообичаената церемонија кога свештеното лице рекло „ Сега можете да се бакнете“, малечката Андерсон целосно се ставила во улогата на невеста. Таа го зграпчила првиот слободен дечко до себе и го бакнала право во уста.
Погледнете како изгледала оваа симпатична ситуација, која младоженците, а богами и малото момче долго ќе ја паметат и прераскажуваат.