Во овој мрачен есенски ден ни се потребни повеќе насмевки, кои ќе не натераат да заборавиме на времето надвор.
Овие кратки десет приказни за љубовта имаат моќ да ве натераат да размислите за важните работи во животот.
Препорачуваме приказните да се читаат со чаша топло и ароматично кафе во рака.
Времето е без значење
Онаа мелодија
Неодамна се навршија 10 години откако татко ми почина. Секоја вечер тој ми потпевнуваше една присписвна мелодија. Кога наполнив 18 и тој се лекуваше од рак во болница, бев онаа која ја пееше нашата омилена песна. Од тогаш не ја бев слушнала … до синоќа, кога двајцата со мојот сопруг лежевме во креветот и се гледавме еден во друг. Тогаш во тишината тој почна да ја потпевнува познатата мелодија која што тој ја знаел од неговата мајка. Му се насмевнав со сето свое срце.
Според листа
Имам навика да истражувам низ старите работи на мајка ми. Минатата недела најдов интересно ливче во една нејзина тетратка од гимназијата. Ливчето претставуваше листа со квалитети кои би сакала нејзиниот дечко да ги поседува. Листата е точна копија на сè што е татко ми денес.
Пилешка супа
Денес добив повик од мајка ми кога бев на работа. Ми рече дека останува дома, бидејќи фатила непријатен грип. На враќање од работа се упатив кон еден ресторан, за да и ја купам омилената пилешка супа. Во редот го видов татко ми, кој освен што купуваше супа, ја носеше и нејзината омилена книга – за да не и биде досадно дома.
Во далечината
Оној ден, додека се шетав низ улиците, забележав во далечината на еден балкон две лица. Очигледно беа пар, уживаа во друштвото и се смееја толку гласно што успевав да ги слушнам. Кога се загледав повнимателно занемев. Тоа беа моите родители кои беа разделени веќе 8 години.
Најважниот спомен
Медицинска сестра сум. Работам во дом за стари лица и имам еден омилен пациент кој за жал е болен од Алцхајмерова болест. Ретко помни имиња, често заборава што кажал пред минута и редовно седи во својата соба. Единствено што го памети секое утро е жена му. При секоја нејзина посета ја пречекува со „Добро утро, моја прекрасна Кејт”.
Писма
Денес, речиси две години откако јас и жена ми се разделивме, решивме да се видиме. Веќе не се каравме и зборувавме како пријатели. Вечерата продолжи 4 часа и конечно таа ми даде голем плик со 20 писма во него, кои ги пишувала до мене во овие две години. Имаше и мала порака на врвот, која гласеше „Писмата што не ги испратив, зашто бев премногу горделива.”
50 години
Јас и мојата сопруга сме заедно 50 години. Неодамна таа ме праша дали жалам за нешто, а јас и одговорив „Да, за тоа дека не те сретнав дури и порано”.
Ќерка ми
Вчера ќерка ми се омажи за момче со кое јас и забранував да се гледа, кога беше 15 години. Додека одев со неа кон нејзиниот сопруг, таа ми шепна „Ти благодарам што ми забрануваше да се гледаме. Така уште повеќе сакав да сум со него. ”