Девет примери на филмска логика кои немаат допирна точка со реалноста

Тешко е да се замисли холивудски блокбастер без кул специјални ефекти, извонредни визуелни сцени, ама и логика што не одговара на реалноста. Кога не би било последново, нештата би биле многу подосадни. Ама тоа не значи дека треба да биде очигледно.

А следниве примери стануваат баш такви штом еднаш ќе посветите внимание и ќе ги „провалите“.

9. Колите можат да летаат

Филммејкерите очигледно сакаат да прават да изгледа како колите и автобусите да можат да летаат наоколу ко да нема гравитација. Колите летаат кога ќе се судрат, автобусите прескокнуваат некоплетни мостови…

Во реалноста, меѓутоа, постои нешто што се вика физички закони. Ниту автобусите можат да скокнат преку срушен дел од мостот, ниту автомобилите ќе полетаат по судар. Сè тоа се сведува на нешто што се вика кинематика на движење на проектили, според која без оглед колку брзо патува објектот, ако е лансиран во хоризонтала, тогаш секогаш ќе паѓа само надоле.

8. Светлината и звукот патуваат со иста брзина 

Сте забележале? Скоро секогаш кога ќе видиме молња во филм, истовремено го слушаме и звукот. Меѓутоа, секое дете во основно училиште знае дека светлината е побрза. Уште еден доказ дека не треба да учиме физика од холивудски филмови.

Во реалноста, прво ја гледаме светкавицата, а дури потоа го слушаме звукот. Брзината на светлината е 299.792.458 метри во секунда. Брзината на звукот е околу 300 метри во секунда, зависно од температурата, густината на воздухот, ама и многу други фактори.

7. Видливи ласери насекаде 

Често користат ласерски оружја во филмовите, особено тие со вселенски битки… Дури и пречесто. Сепак, видливоста на ласерот – кој е сноп од светлина – во вселената, е само мит од големото платно.

Во реален живот: Ласерите не би ни имале шанса да „светат“. Кога ласерскиот сноп станува видлив, всушност дисперзира честици долж својот пат. Видливоста и бојата на ласерскиот сноп зависи само од медиумот низ кој тие патуваат, кој обично (на планетава) содржи честици на прав и молекули на воздух. А во вселената такви нема.

6. Експлозиите на возилата се неизбежни 

Според филмовите, дури и најмалата штета на возилото може да резултира со голема експлозија, без разлика дали колата паднала од карпа или две коли завршуваат во меѓусебен судар. Куршумот минимално го деформирал резервоарот за гориво? БЕНГ! Автомобилот веќе следниот момент е претворен во џиновска огнена топка.

Во реалниот живот возилата ретко се запалуваат по судар (како што и самите имате видено во безброј прилики). Бензинот е течност, а плинот (гас) е тој што гори. Со други зборови, за автомобилот да се запали, течното гориво во резервоарот би требало да се конвертира во гас, да се помеша со воздухот во соодветна пропорција, па дури тогаш да биде запалено.

5. Куршумите летаат со истата брзина и во вода 

Сме се изнагледале безброј сцени во кои луѓе скокаат и нурнуваат во вода за да избегнат куршуми, било да е базен, канал, или океан. Сепак, сè уште постои дилема дали тоа да си под вода може да те спаси од куршуми.

Во реалниот живот, куршумите не одат повеќе од неколку десетици сантиметри низ водата. Отпорот на водата (како и на секоја друга течност) пружа спротивна сила на движењето на куршумот и го успорува. Куршумите слободно летаат низ воздух, ама не и низ вода.

4. Кул момците не гледаат кон експлозии

Обично кога има голема експлозија, како по правило има некој bad ass тип што не го интересира што се случува зад него и ноншалантно заминува од сцената.

Во реален живот шоковиот бран од таква експлозија би го убил херојот. Енергијата што ја ослободува суперсоничниот бран е доволно голема за да може да урне и голема зграда, а не па човек.

3. Звуци во вселената 

Филммејкерите често додаваат звуци во нивните вселенски сцени. Тоа „додаваат“ е буквално. Ги слушаме оружјата што пукаат, проектилите кои се лансирани, моторите што го движат бродот/леталото, експлозиите…

Во реален живот никој не може да чуе звук во отворената вселена. Тоа што го викаме „звук“ се всушност вибрации во воздухот. А бидејќи нема воздух во вселената, нема ни звук за тие што се таму. Што ќе рече слоганот од „Alien“ – „Во вселената никој не може да те чуе кога вриштиш“.

2. Нештата светат кога се радиоактивни

Научно-фантастичните филмови, ама и цртаните, направија публиката да верува дека радиоактивноста е заразна. Херојот кој бил изложен на радиоактивност се враќа од темнината и свети, а другите избегнуваат да го допрат.

Ама не работи така. Во реалниот живот, најголемиот дел од радиоактивните елементи не се заразни. Радиоактивноста е експлозија на јадрото, која ја уништува ДНК-та. Другите атоми не стануваат радиоактивни како резултат.

Башка, сте виделе видеа на YouTube од Чернобил. Сте го виделе да свети?

1. Скокање низ скршено стакло/прозорец е најобична ствар 

Сцената што безброј пати е видена: Тип во сако скока преку читав прозор, го крши стаклото, ги тресе остатоците од стакло од сакото, и си тера со денот. Гребнатинки – нула.

Во реалноста, не пробувајте дома. Скршено стакло содржи илјадници неверојатно остри рабови и мали парчиња што можат да ве расечат. Речиси и да не е потребна сила за овие рабови да пресечат преку платното и кожата. Ако беше така лесно како на филм, ќе пуштавме ли правосмукалка по дома после секоја пукната сијалица?

 

 

- Реклама -