Девет места најдобри за посета во зима

Зимата доаѓа и со тоа носи многу возбудливи нешта кои можат да се прават само во овој период од годината.

Тука ви претставуваме девет чудесни места на планетата вредни за посета во овој годишен период. Скијање и уживање на Новогодишната ноќ се меѓу првите работи кои можете да ги направите. Но, има и некои дестинации кои се помалку истражени, но сепак многу возбудливи за време на студената сезона. Па, ставете ги вашите скии и лизгајте низ листата.

1. Хафнер Крик, Британска Колумбија, Канада

Се наоѓа во Националниот парк Котенеј, кој е прекрасна недопрена оаза, место од светко културно наследство кое привлекува туристи, планинари и фотографи. Зимата е најдобро време да се видат прекрасните столбови од мраз и структури.

Top 10 Winter-Haffner-Photo by Paul Zizka3

Top 10 Winter-Haffner-Photo by Paul Zizka4

Top 10 Winter-Haffner-Photo by Paul Zizka2

2. Аурора Бореалис, Исланд

Во изминатите неколку години нордскиот феномен е особено светол и блескав поради зголемената соларна активност. Шоуто на светлината е видлива од средината на септември до средината на април.

Top 10 Winter-Aurora-Photo by Oxy Z

Top 10 Winter-Aurora-Photo by Carlos F Turienzo

Top 10 Winter-Aurora-Photo by Thierry Bornier

3. Хотел и игло селото Какслаутанен, Сариселка, Финска

Изграден е на островот Дедо Мраз, хотелот нуди навистина уникатно и екслузивно искуство. Прекрасниот поглед на шумата и поларната светлина е отворен. Хотелот е отворен од декември до мај.

Top 10 Winter-Finland

Top 10 Winter-Finland2

Top 10 Winter-Finland4

4. Монтреал, Канада

Еден од најубавите градови во Северна Америка е покриен со дебел слој на снег во зима. Стариот град, кој е под француско архитектонско влијание, станува особено романтично и празнично. Монтреал е како град- разгледница во зима.

Top 10 Winter-Montreal

Top 10 Winter-Montreal2

Top 10 Winter-Montreal-Photo by David Giral

5. Сориснива игло хотел, Алта, Норвешка

Се наоѓа во северниот дел на Норвешка, па хотелот е одлично студено-мраз место. Направен е целосно од мраз и снег: температурата внатре варира од -4 до -7°C, па гостите спијат во вреќи за спиење и носат чевли од кожа од ирвас за да се стоплат. Хотелот постојано се реконструира. Ќе се обнови и отвори од 6-ти јануари 2015 година.

Прочитајте и:  Омилениот зимски пијалок може да го намали ризикот од срцев удар, покажуваат истражувања

Top 10 Winter-Sorrisniva

Top 10 Winter-Sorrisniva2

Top 10 Winter-Sorrisniva-Photo by Karen McDonald

Top 10 Winter-Sorrisniva3

6. Шамони Монт Блан, Франција

Одете на одмор со скијање еднаш! Ова е најдоброто место во светот, нудејќи разноврсни патеки. Од тука се гледа и највисокиот европски врв Монт Блан.

Top 10 Winter-Chamonix-Photo by Tristan Shu

Top 10 Winter-Chamonix-Photo by Tristan Shu2

Top 10 Winter-Chamonix-Photo by Jan Madsen

7. Сиднеј, Австралија

Лето е во овој период од годината, па би можело да биде особено привлечно доколку сакате да избегате од студената зима. Градот има се: култура, природа, ноќен живот.

Top 10 Winter-Sydney2

Top 10 Winter-Sydney-Photo by Andre Kreitlein

Top 10 Winter-Sydney

8. Милано, Италија

Познатата катедрала во Милано изгледа како снежна стаклена фигура во зима. Градот е опкружен од планини, па зимите се благи а сепак снежни. Исто така, бројни модни настани, фестивали, уметнички места и можноста за шопинг ќе го нахранат вашиот апетит за културни добра.

Top 10 Winter-Milan-Photo by Filippo Bianchi

Top 10 Winter-Milan

Top 10 Winter-Milan-Photo by Alcol75

Top 10 Winter-Milan-Photo by Slow Images-Getty Images

9. Чекор во пространството, Aiguille du Midi, Шамони, Франција

Уште едно прекрасно место за посета во опсегот на Монт Блан. Нова стаклена основа е изградена на височина од 3.842 метри минатата година, со поглед на бескрајниот пејсаж на Алпите. Иако стаклените панели се дебели и безбедни за одење, авантурата е сепак за најхрабрите. Ова е највисоката атракција во Европа!

Top 10 Winter-Step into the Void

Top 10 Winter-Step into the Void2

Top 10 Winter-Step into the Void3

- Реклама -