Во експлозија на рачна бомба на сточниот пазар во Призрен повредени се девет лица, соопшти косовската полиција.
Сите повредени се хоспитализирани во болницата во Призрен.
Полицијата наведе дека идентификувала тројца осомничени и оти трага по нив.
МИА