Оваа љубовна порака неодамна беше постирана на Reddit од страна на корисничката Lindsrae. 11-годишната ќерќа на нејзината пријателка му го дала писмово на момчето што и се допаѓало во училиште.
Деца како деца, веднаш преоѓаат на главното, па пораката е кратка и јасна: „Дали ти се допаѓам?“. За да биде уште поконкретно, понудени се два одговора „Да“ и „Не“ заедно со поле за штиклирање.
Пресладок класичен школски пример. Како и во секоја друга училишна љубовна приказна, очекуваме момчето да им каже на сите во класот и да се прави важен, или да ја праша дали сака да му биде девојка и дали сака да се сретнат надвор од училиштето. Е па, тука грешиме. Одговорот на момчето не само што е невообичаен, туку е и за восхит:
„Не знам. Се уште не се познавам себе си. Плус, сум под многу стрес дома, па, не можам да бидам сигурен. ПС. Не се познаваш себе си додека не наполниш 18.“
Каков пресврт, а? Очигледно, ова момче е премудро за неговите години. За волја на вистината, не се познаваш себе си ни на 18, ама момчево има добри шанси.