Го нареков детски стан затоа што потсетува на куќичките со кои си игравме како деца. Уреден е со дречливи бои и пластичен мебел. Но, во него живеат возрасни.
Наречен е Rainbow House и зафаќа површина од 830 метри квадратни. Основните бои на уредување се црвена, жолта и зелена. Морам да признаам дека ова е најуникатниот и најекстремен апартман од до сега прикажаните. Мебелот во стилот на 60-тите и 70-тите е набавен од повеќе европски земји, а вклучува дела на Joe Colombo, Rodolfo Bonetto, Olaf Von Bohr, Marc Newson, Anna Castelli Ferrieri, Giotto Stoppino, Erik Magnussen… Читатели, можете да се замислите во ваков дом?