Детска програма на МакеДокс во МКЦ

Со проекции на избрани епизоди од серијалот “Пат и Мат”, денес во МКЦ во 11:00 часот ќе започне детската програма на МакеДокс.

Во 12:45 часор ќе се одржи креативната работилницa: Ете така!

,,Јубилеи, јубилеи… Родендени на убави нешта. И домашни торти со ликови од цртани филмови. Колективна меморија и носталгија. Безгрижно детство. Е токму таму ве водиме! Ветрилото на чешките анимирани класици ќе го размрда застојаниот скопски летен воздух и ќе нѐ одведе на патување назад кон иднината. Билетот е, велат, во една насока, оти кој не би сакал вечно да остане дете? Затоа со задоволство ќе се навратиме на едни подалечни времиња кога јадевме мајмун-попара, учевме странски јазици од телевизија и трчавме од кујната со брзина на светлината штом ќе ја чуевме најавната шпица на омилениот цртан филм. Мајмун-попара можеби повеќе не е во мода, но одење во кино е, и тоа како!А на овогодишниот репертоар – епизоди од златните серии на „Пат и Мат“, „Кртко“, „Максипесот Фик“ и „Боб и Бобeк“. Дојдете да се потсетиме!” порачуваат од МакеДокс.

- Реклама -