Детска музичка работилница со Олгица Шапковска

Денес од 17.45 до 20.00 часот во Битола ќе се одржи детска музичка работилница за деца од 4 до 8 години. Ментор на работилницта е Олгица Шапковска, дипломиран соло пејач и артист, со искуство со работа во приватни музички училишта за деца.

„Ова е одлична можност за вашите најмили да бидат вклучени во забавни, интерактивни и креативни активности запознавајќи се подобро со светот на музиката. Музиката ги активира сите области од развојот и вештините на детето! Развивање на нивните таленти и музикалност преку интересни музички игри, пеење песнички, ритмички вежби, цртање и пишување (едукативен дел) во склоп на програмата. И што е најважно Среќно и Радосно дете!“ велат организаторите.

Целта на работилницата е децата преку музика и забавна групна интеракција, да ја развиваат својата креативност и имагинација. 

Работилниците се поделени во две групи:

Група 1

17:45 – 18:45 (4-6 години)

Група 2

19:00 – 20:00 (6-8 години) 

Цена: 350 ден.

Максимален број на учесници во група е 8 деца.

- Реклама -