Децата на Амишите се најздрави во светот?

Се чини, Амишите имаат мистериозен штит против современите болести.

Швајцарскиот научник Марк Холбрејм, кој го спроведе истражувањето, наведува дека стапката на современи заболувања кај децата на Амишите е многу ниска. „Како да има нешто што ги штити“, опишува Холбрејм.

Истражувачите ја споредувале здравствената состојба кај децата во рурални, релативно здрави средини и дошле до заклучок дека амишките деца се поздрави од децата растени на европските фарми. Уште поинтересно, во последните 20 години само неколку од нив биле алергични на нешто.

AmishBBC[1]

За појаснување, Амишите се заедница што влече корени од Швајцарија, а се карактеристични по тоа што живеат во природа, далеку од градовите, но и по тоа што се одрекуваат од користењето на современа технологија (немаат ТВ, автомобили, телефон и сл.).

Па, во што е нивната тајна? Иако не може да тврди, Холбрејм смета дека е млекото. Имено, Амишите пијат сирово, непреработено млеко. Друга теорија вели дека нивните деца се уште од мали изложени на алергени и патогени, па нивните имуни системи ги препознаваат и не реагираат на нив како на штетни. На ова се надоврзува мислењето дека тоа што тие поминуваат многу време надвор, го зајакнува нивниот имунитет. Од друга страна, тие се хранат исклучиво со органска храна и свежи, локално одгледувани производи.

amish_21[1]

Некои ќе додадат: „И не се вакцинираат“. Чудната коинциденција е тоа што во нивните заедници се регистрирани само три случаи на аутизам. Во два од нив, децата биле вакцинирани. Првиот случај е кинеско дете, кое примило бројни вакцини пред да биде посвоено од амишко семејство. Другиот случај е кај девојче, чии родители сепак се одлучиле да ги следат медицинските совети и го вакцинирале своето дете.

Уште една помалку позната карактеристика за Амишите е тоа што тие се исклучиво интелигентни. Речиси сите поседуваат напредна вештина на пишување, и тоа на академско ниво, иако најголемиот дел од нив никогаш не студирале.

- Реклама -