Детроит ќе го исклучи уличното осветлување

Населението на Детроит се смалува. Градот денес има 60 проценти помало население од она во 1950 година и многу од прекрасните градби веќе се распаѓаат.

Сега градоначалникот Дејв Бинг сака преостанатото население да се концентрира во помала област со намалување на бројот на функционални улични светилки и затемнување на половина од градот. Во 2010 година Bing го започнал проектот Detroit Works, чија цел е реорганизација на целиот Детроит.

Дел од реорганизацијата е поттикнување на жителите и бизнисите во поретко населените области да се се преселат во понаселените региони со намалување на бројот на улични светилки од 88.000 на 46.000. Дваесет населби на Детроит имаат само 10 до 15 проценти од оптималното население а властите не можат да форсираат преселба. Затоа тие ќе почнат да ги „исклучуваат“ тие населби со исклучување на уличните светилки.

Бинг се надева дека градот кој веќе има финансиски проблеми ќе може да ги фокусира јавниот транспорт и полицијата во осветлените, густо населени делови од градот. Државните власти на Мичиген сè уште треба да го одобрат планот на Бинг, но во моментов тој има подршка од гувернерот Рик Снајдер. Планот подразбира и подобрување на улучните светилки кои ќе треба да останат вклучени бидејќи дури 15.000 светилки зависат на технологија од дваесетите. [Detroit plans to shrink by leaving half the city in the dark]

- Реклама -