Според првичната информација од МВР, грабежот во експозитурата на НЛБ Тутунска на ул. „Ферид Бајрам“, спроти зградата на Општина Чаир, бил извршен во 10.36 часот, од неколку вооружени лица. Притоа физички бил нападнат Е.Е. (26) – вработен како обезбедување во банката. Сепак, инцидентот поминал без повредени од оружје.
Според неофицијални информации на „Алсат“, украдени се околу 100.000 евра.