„Впишувањето на етничка припадност во личните карти е ретрограден процес кој е критикуван од Советодавниот комитет за Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства“, посочува универзитетската професорка и екс-министерка за правда Рената Дескоска, во изјава за „МКД.мк“.
Таа е категорично против ваквиот предлог, инициран од БЕСА.
„Советодавниот комитет го критикува задолжителното впишување на етничката припадност во лични документи или интерни записи на административните органи, вклучувајќи ја и полицијата, како спротивно на правото на слобода на самоидентификација. Затоа овој предлог треба да се одбие!“, објаснува Дескоска.
„Измените во законодавството треба да носат подобрување и приближување на законите кон европските стандарди, а не ретроградни процеси во кои ќе отстапуваме од тие стандарди, кои веќе ни се имплементирани!“, додава таа.
Дескоска не е единствената од СДСМ или коалицијата која не се согласува етничката припадност да биде наведена на личната карта. Прочитајте ТУКА.