Десеттото издание на ОК Фест

Десеттото издание на Нектар ОК Фест ќе се одржи на 19, 20 и 21 јули во Тјентиште. Како и изминатите години, за најверната фестивалска публика, загревањето за тридневната ОК авантура ќе започне ден претходно, на 18 јули, кога се отвора фестивалскиот камп. 

Десетта година по ред љубителите на добрата забава, дружењето и адреналинот ќе уживаат на навистина посебна локација, во уникатна средина, сместена во срцето на Националниот парк Сутјеска. Токму тоа го разликува овој фестивал од другите, посебна локација, за која се согласија и изведувачите кои настапуваа на фестивалот во претходните години, но и фестивалската публика која доаѓа од целиот свет.

- Реклама -