Десетте најскапи приватни острови

најскапи островиДали отсекогаш сте посакувале да имате ваш сопствен остров? Место каде што ќе можете да се изолирате и да се опуштите во комплетна приватност, или да ги приредувате најдобрите забави без вашиот сосед да се жали за гласната музика. Епа ако на вашата сметка имате неколку милиони, тогаш еве неколку предлози.

Дали отсекогаш сте посакувале да имате ваш сопствен остров? Место каде што ќе можете да се изолирате и да се опуштите во комплетна приватност, или да ги приредувате најдобрите забави без вашиот сосед да се жали за гласната музика. Епа ако на вашата сметка имате неколку милиони, тогаш еве неколку предлози.

најскапи острови10. 28 милиони долари – Bird Cay, Бахами

Овој остров во Бахамите со површина од 101 хектар се наоѓа на 30 минути со авион од Насау. Островот има голем број песочни плажи, беспрекорен поглед на океанот и хортикултурно уредени патеки низ тропската флора. Главната резиденција на островот е историска двоспратна куќа со базен. На островот има и гостинска куќа како и пет колиби крај брегот.

најскапи острови9. 28 милиони долари – Agria Trias, Грција

Островот Agria Trias/Aghia Triada се наоѓа во близина на Атина. На островот има голем број овошни дрва и неколку градби, меѓу кои е и главната куќа, неколку куќи крај плажите, куќа за персоналот, па дури и црква.

најскапи острови8. 35 милиони долари – Островот Cerralvo, Мексико

Во близината на Ла Паз, Мексико, се наоѓа овој остров кој на една страна има висок карпест гребене со пријатна песочна плажа на другата. Поради фактот што голем број морски животни поминуваат крај него, а и неверојатно чистата вода, ова е идеална локација за лов на големи риби и опуштање.

најскапи острови7. 35 милиони долари – Hog Cay, Бахами

Hog Cay е уште еден Бахамски остров кој е за продажба (имаат многу острови). За вашите пари ќе добиете 275 хектари богат, тропски рај со главна куќа на два спрата и неверојатен поглед на морето. Овој остров исто така има и приватна писта долга 762 метри, ако ви притреба за вашиот приватен авион.

најскапи острови6. 39 милиони долари – Островот Charles, Бахами

Островот Чарлс, повторно на Бахамите, како што можете да видите од фотографијата, се наоѓа блиску до Spanish Wells, значи секогаш ако ви притреба, помошта никогаш нема да е далеку. Островот е снабден со електрична енергија и вода, што значи дека е подготвен за било кој тип на градба што ќе ја избере идниот сопственик.

најскапи острови5. 40 милиони долари – Motu Tane, Бора Бора, Француска Полинезија


Можеби не припаѓа на оваа листа бидејќи веќе не се продава, но сè уште можете да го изнајмите. Ако неговата поранешна цена од 40 милиони ви била превисока, сега вие и вашите пријатели можете да го изнајмите островот за многу помалку пари. Островот се изнајмува за минимум три дена, и почетната цена е 30000 долари од ноќ за првите 8 луѓе, но ако сакате повеќе гости ќе платите повеќе. На островот има комплекс од неколку колиби опремени со плазма телевизори, неверојатни трпезарии и луксузни бањи, луксузниот остров е идеално место за опуштање во комплетна приватност.

најскапи острови4. 45 милиони долари – Островите Hans Lollik, Американски Девствени Острови

Одлично место за развивање на недвижен имот, овие острови се наоѓаат на само 2,5 километри од островот Св. Томас и нуди плажи, одличен поглед, шуми и идеални места за риболов. Совршеното море околу островот се идеални за секој кој сака пливање и нуркање.

најскапи острови3. 65 милиони – Одморалиштето Caye Chapel, Белизе

Уште еден остров кој повеќе не е за продажба. Можеби забележавте по „Одморалиште“ во името, овој остров бил продаден за 65 милиони пред неколку години и на него било изградено неверојатно луксузно островско одморалиште. Островот се наоѓа на околу 19 километри од Белизе, и на него има терен за голф со 18 дупки, марина, писта, бар, ресторан и конференциски сали, базени, и нормално мног, многу плажи. Луѓето кои доаѓаат тука на одмор добиваат сместување во луксузни вили. Одморалиштето исто така овозможува учество во разни активности како: риболов, кајакарство, едрење, одбојка, кошарка и многу други. А оние кои се подготвени да го напуштат островот можат да ги посетат локалните остатоци од културата на Маите, како и многу други работи кои може да ви ги понуди Белизе.

најскапи острови2. 100 милиони долари – Островот Ronde, Гренада

Сместен во најпознатиот тропски рај, Карибите, островот до неодамна беше кралот на сите приватни острови со највисоката цена, но беше турнат од највисоката позиција. За вашите пари овде ќе добите 809 хектари рај, во основа мала земја. Богатата природа е вистинско чудо, под водата има видливост од околу 30 метри, разновидна морска флора и фауна, како и пештери украсени со сталактити и кварцни кристали до кои се стигнува само со пливање.

најскапи острови1. 310 милиони долари – Островот Lisabon, Португалија

Овој остров е буквално пред вратата на Лисабон, и има површина од 1214 хектари. Постојат гласини дека на островот ќе бидат изградени луксузен голф терен и резиденции, бидејќи има голем потенцијал за развој, и е необичен поради тоа што е комплетно неразвиен а се наоѓа толку блиску до густо населен град. Островот најверојатно ќе биде купен од повеќе инвестори кои би го развиле како што ќе посакаат.

- Реклама -