Утре, петок (16.09.2016 година), со почеток од 11 часот, ќе започне десеттата Меѓународна детска ликовна колонија „Св. Пантелејмон“, во близина на манастирот „Св. Пантелејмон“. Во организација на Општина Карпош и Детскиот ликовен центар, се очекува присуство на ученици од збратимените општини, кои два дена ќе се дружат и ќе работат на уметнички дела, коишто во сабота ќе ги презентираат на традиционалната изложба во рамките на ликовната колонија.