10 скриени значења во една од најпознатите слики на Салвадор Дали

the-persistence-of-memory-1931[1]

Во почетокот на август во 1929 година, младиот Салвадор Дали се запознава со својата идна жена и муза – Гала. Нивниот сојуз станува подлога за неверојатниот успех на уметникот и ќе има влијание врз целата негова подоцнежна креативност, вклучувајќи ја и таа проткаена во една од неговите најпознати слики – „Доследноста на сеќавањето“. Дали ја наслика во 1931 година, а од 1934 е во Музејот на модерна уметност во Њујорк (MoMA).

Славниот шпански уметник го толкува ова свое дело како „насликана фотографија на сонот“. Во неа, вообичаените елементи на пејзажот – планината, дрвото, морето, се во комбинација со надреални слики. Комбинацијата е полна со симболика, кон која водат 10 тајни клуча.

1. Меките, „течни“ часовници

Flexible-clock[1]

Симбол на нелинеарното, субјективно време, и произволната сегашност која нерамномерно го пополнува просторот. Трите часовници се израз на минатото, сегашноста и иднината. Дали признава дека мислел на Ајнштајн кога ги сликал меките часовници, алудирајќи на неговата теорија на релативитетот.

„За мене врската меѓу времето и просторот е очигледна. Затоа и ја нареков таа слика ‘Доследноста на сеќавањето’ (‘The Persistence of Memory’) – сеќавање за меѓусебната поврзаност на просторот и времето“. 

2. Објект „без форма“, со трепки

Shapeless-object-with-eyelashes[1]

Ова е всушност автопортрет од Дали додека спие. Светот претставен на сликата е неговиот сон, смртта на објективниот свет и триумф на несвесното. „Врската меѓу сонот, љубовта и смртта е очигледна“, пишува Дали во својата автобиографија. „Сонот е смрт, или барем отсуство од реалноста, или, уште подобро, смрт на самата реалност, што е потполно истото умирање со тоа за време на чинот на љубов“. Ова е тестамент за неговата внатрешна несигурност. „Гала, знаејќи ја мојата беспомошност, го криеше моето тело од месо на школка во школка-тврдина, и со тоа ме спаси“, ќе рече Дали по смртта на неговата жена Гала.

3. „Тврдиот“ часовник

Ants[1]

Симбол на реалното, објективното време.

4. Мравки

Ако не забележавте, „тврдиот“ часовник (сликата погоре) е прекриен со мравки. Овде се симбол на распаѓање и декомпозиција, разложување. Поставени на овој часовник, единствениот со преживеана „цврстина“, мравките се поставени во јасна циклична структура која потсетува на стрелките на часовникот (затоа и можеби не ги забележавте), што според Дали, алудира на тоа дека линеарното време се самоуништува.

5. Мува

Fly[1]

Уметникот ги нарекува мувите „Медитерански самовили“. Во Diary of a Genius“, Дали пишува: „Тие им донеле инспирација на грчките филозофи, кои ги поминувале нивните животи под сонцето, прекриени со муви“.

6. Маслиново дрво

Olive[1]

За уметникот тоа е симбол на античката мудрост, која за жал е во залез. Затоа и дрвото е прикажано исушено.

7. Каменестиот ‘рт

Cape-Creus[1]

Ова е ‘ртот на каталонскиот медитерански брег, близу градот Фигуерес, каде што е роден Салвадор Дали. Често го има портретирано во сликите. „Овде“, пишува тој, „во каменестиот гранит е вплетен најважниот принцип на мојата теорија за параноидалните метаморфози (прелевањето на една слика, која е плод на халуцинации, во друга)… Стои замрзнат, но експлодира во сите негови безбројни лица, сé нови и нови – ако само малку го промениш аголот на гледање“.

8. Море

Sea[1]Морето за Дали симболизира бесмртност и вечност. Уметникот на него гледал како на совршен простор за патување, каде што времето тече не со објективна брзина, туку според внатрешниот ритам на свеста на патникот (т.е. патувањето на патникот низ свеста).

9. Јајце

Egg[1]

Јајцето во делата на Салвадор Дали симболизира живот. Уметникот го позајмил овој „имиџ“ од орфиците – старогрчки мистици. Според митологијата, од орфејското космичко јајце е родено првото андрогено (двополово) божество Фан, од него се создадени луѓето, а од двете половини на лушпите на јајцето се формирани рајот и Земјата.

10. Огледало

Mirror1[1]

Огледало, лежи хоризонтално на лево. Ја симболизираи непостојаноста и променливоста, покорно одразувајќи го како субјективниот, така и објективниот свет…

Salvador-Dali-and-Gala-in-Cadaques.-1930[1]
Салвадор Дали со својата љубена Гала, 1930 година.

- Реклама -