Десет неконвенционални дестинации за одмор

дестинации за одморИзборот на локација за одмор зависи од многу фактори. Од буџетот кој ви е на располагање, до типот на сместување. Сè повеќе луѓе ги поминуваат одморите надвор од својата земја, и многу од нив почнуваат да избираат неконвенционални одмори. Одмори кои им даваат шанса да пробаат необична храна и да уживаат во нови дестинации.

Изборот на локација за одмор зависи од многу фактори. Од буџетот кој ви е на располагање, до типот на сместување. Сè повеќе луѓе ги поминуваат одморите надвор од својата земја, и многу од нив почнуваат да избираат неконвенционални одмори. Одмори кои им даваат шанса да пробаат необична храна и да уживаат во нови дестинации.

1. Планинарење на планинскиот венец Атлас
дестинации за одмор

Овие планини, кои се наоѓаат во Мароко, нудат неверојатни погледи и одлични патеки за пешачење. Со порастот на популарноста на фитнес одмори, одмор исполнет со прошетки по овие планини ќе ви овозможи неколку денови забава и задоволство. Снег во зима, сонце во лето, многу шанси да ја искусите локалната култура, како и одлични места за престојување ќе придонесат за тоа да имате одличен одмор.

2. Ладак
дестинации за одмор

Место со неверојатна убавина, Ладак е дом на многу прекрасни манастири. Има многу начини на кои можете да се движите околу Ладак, но најпопуларното превозно средство помеѓу младите се мотоциклите. Пустите пејсажи можат да ви го одземат здивот, а ќе бидете изненадени и од смиреноста на локалното население. Обидете се да останете во Лех барем ден два, за вашето тело да може да се аклиматизира на реткиот воздух.

3. Исланд
дестинации за одмор

Снег насекаде, но и покрај тоа Исланд е полн со неверојатни пејсажи. Популарноста на оваа дестинација расте, полека но сигурно. Полноќното сонце е глетка која сама по себе е доволна за да создаде уникатно доживување. Внимателно одберете го времето на вашата посета, бидејќи зимите знаат да бидат навистина сурови и мрачни поради екстремно кратките денови. Летата се изненадувачки умерени, а и луѓето се многу пријателски настроени.

4. Турнеја низ Индија со водичи од Villageways
дестинации за одмор

Прошетките во придружба на водич низ внатрешноста на Индија се специјалитет на оваа компанија и ќе ви овозможат да го запознаете локалното население и да уживате во неговата култура. Тие ве носат директно во срцето на селските заедници. Постојат многу опции, од викенд патувања до 10 дневни пешачки турнеи.

5. Крстосување по реките во Керала
дестинации за одмор

Керала е една од индиските држави. Локалните куќи-чамци се познати по нивната удобност и убавина. Можете да се опуштите во еден од овие чамци и да уживате додека патувате низ некои од најубавите индиски региони. Чамците ви нудат приватност и луксуз, како да престојувате во ваш приватен хотел. За време на патувањето можете да вкусите неколку неверојатни локални специјалитети.

6. Искусување на Нов Зеланд со Outward Bound
дестинации за одмор

Прочитајте и:  Луѓето кои патуваат - побавно стареат

Одморите орканизирани од Outward Bound се популарн помеѓу луѓето кои сакаат нивниот одмор да биде напорен и полн со физичка активност. Една од нивните најпопуларни дестинации е Нов Зеланд, каде што ќе ве прошетаат низ различни пејсажи на оваа прекрасна земја. Активностите, како и кај повеќето нивни одмори, вклучуваат трчање, пливање, едрење и планинарење.

7. Алјаска
дестинации за одмор

Најголемата американска држава, Алјаска има по нешто за секого. Можете да се пуштите по некоја од реките со чемец, да се искачувате по прекрасните планини, можете да крстосувате крај брегот, а можете дури и да сурфате, но, водата најверојатно ќе биде екстремно студена. Алјаска е популарна дестинација за многу крстарења, но ако не го сакате морето, можете да ја искусите државата и од воз.

8. Jules’ Undersea Lodge, Атол Ларго, Флорида
дестинации за одмор

Дали отсекогаш сте копнееле да живеете под вода? Тогаш морате да го искусите престојот во овој хотел. Само за да влезете во вашата соба ќе ви биде потребна опрема за нуркање бидејќи влезот е на длабочина од 6,5 метри, и се наоѓа на дното од собата. Собата има големи стаклени прозорци, кои ви овозможуваат да ги набљудувате морската флора и фауна околу вас. Книги, музика и добро опремена кујна се дел од искуството.

9. Крстосување низ норвешките фјордови
дестинации за одмор

Норвешка е добро позната по нејзината разнолика природа, но најпознат дел сепак се длабоките фјордови околу западна Норвешка. Има многу прекрасни дестинации во овој регион кои можете да ги посетите возејќи низ регионот или пак крстосувајќи низ фјордовите. Летата се најдобриот период за посета, но внимавајте, бидејќи во тоа време сонцето сјае 24 часа на ден!

10. Резерватите за диви животни во Јужноафриканската Република
дестинации за одмор

Јужноафриканската Република ги има најразновидните флора и фауна. Ако сакате да бидете поблиски до природата, посетата на оваа земја дефинитивно ќе ви се исплати. Во земјата има голем број на национални паркови, од кои најпознатиот е Националниот Парк Кругер, каде што можете да ги видите најегзотичните животни во светот, како лавови, леопарди, жирафи, зебри, бели носорози, хиени, итн.

- Реклама -