Кои се најчестите сонувани кошмари меѓу луѓето? Што значaт тие? Погледнете во продолжение.
Природни катастрофи
Бегате од урагани, цунами, огнена топка, лава и какви ли уште не природни катастрофи? Во сонот го гледате секој детал – како куќите горат, а земјата се распаѓа под вашите нозе.
Според психолозите овој тип на соништа зборува за собран гнев и агресија во човекот, кој ги сонува. Овој кошмар може да е предизвикан од најобични работи кои ни се случиле во текот на денот – како времето и природните стихии, така и нашиот секојдневен живот кој не е секогаш под наша контрола.
Средба со мртви луѓе или зомби …
Овој сон е типичен за децата, но не им е непознат ниту на повозрасните. Спиењето е поврзано со потребата од блискост со некој наш близок кој сме го изгубиле или само од чувството на недостиг. Можно е во сон да страдаме за некој кој дури и не го познаваме во реалноста. Општо земено значењето на соништа од овој тип се асоцира со неможноста да прифатиме нешто што ни се случува.
Луѓето со тешки болести доста често имаат токму такви соништа.
Да пропуштиш нешто ВАЖНО!
Кошмарите од типот „ Ја пропуштив свадбата!” или „ доцнам на државниот испит” се целосно диктирани од преоптовареното секојдневие што го водиме и многуте обврски и работи кои треба да ги завршиме, но сепак не ни останува време. Ако имате страв од неуспех или гнев од работа, сосема е можно тоа да ве прогонува и на сон.
Излегувате да направите нова презентација и одеднаш сте голи пред очите на сите!
Да се појавите голи во своите соништа може да ви изгледа особено забавно, но во реалноста зад сличен вид соништа се крие доста сериозен проблем, имено недостатокот на самодоверба. Да стоите гол на улица се поврзува со срам од мислењето на околината, од тоа дека тие се подготвени да ви посочат со прст и да ве осудат и за најмалите недостатоци.
Паѓање на забите
Да, дефинитивно паѓањето на забите е доста вознемирувачко на сон. Овој тип кошмари повторно се поврзува со несигурност и најниска самопочит .
Кошмарот – некој ве сече на мали парчиња – а вие седите и гледате
Ако не сакате да ви сечат по некој екстремитет секоја ноќ, подобро помислете што е она за кое верувате дека не сте доволно добри или помислете дали навистина неуспехот е толку грандиозен?
Црната овца
Кошмарот во кој ве изоставуваат и сите се против вас, можете да го искусите како будни, така и во состојба на спиење. Ова се случува кога мислите дека не сте достојни или пак дека со партнерот ги споделувате вашите чувства. .
Во стапица сте!
Кошмарот дека сте заробени е исклучително чест не само кај луѓето кои страдаат од клаустрофобија, но и од луѓето кои се соочуваат со внатрешен ужас од тоа да не можат да се помрднат во дадена ситуација. Понекогаш овие соништа се поврзуваат и со претставата на човекот дека е невозможно да го променат начинот на живот. Но , добрата вест е дека може секој.
Пад…
Кога ќе се започне со едно паѓање од скали, згради, дрвја на сон нема крај! Стравот кој го предизвикува овој тип соништа е поврзан повторно со чувството на беспомошност во даден момент од нашите животи. Интересно е дека сличен тип соништа е многу чест кај луѓето кои имаат високи позиции во општеството – тие дефинитивно знаат што значи – да паднеш од високо.
Ужасот на сите ужаси – ме прогонуваат!
Најчест кошмар е чувството на прогонување. Можеби некој ве прогонува за да ви наштети, можеби се работи за некое паранормално суштество , кое не е видено до сега и сака да се појави.
Ако сте сонувале таков тип на сон еве го и неговото значење – страв од конфронтација!
Конфронтацијата може да не е со конкретен човек или во точно определена ситуација, туку со нашиот сопствен живот.
Начинот на кој се обидуваме да се спасиме од гонители исто така, зборува многу за реалниот живот. На пример, ако се обидуваме да се сокриеме, тогаш ова најверојатно е и начинот на кој се справуваме со тешките ситуации во животот.
Можеби е добро да размислиме за тоа какви соништа имаме и дали треба да се погледне проблемот во нашето секојдневие и притоа да се соочиме со себе си. Некои пак, велат дека од спиење нема леб …