Десет начини на кои самците можат да ја победат празничната депресија

Дали се чуствувате лошо што сте сами за време на сезоната на празници и сакате само да премотате напред до 1-ви јануари… или 15-ти февруари? Не сте сами во тоа. Ова е вака затоа што за време на празниците сѐ се врти околу семејството, врската, традицијата. Рекламите се со теми на среќни семејства собрани заедно, родители со деца, парови кои се заљубени во романтична атмосфера- па сите овие импресии прават да се чустувате изоставено и осамено. Но, не мора да се чуствувате така за време на оваа сезона. Ние ви носиме 10 начина со кои полесно ќе ја победите празничната депресија, па ќе можете да се социјализирате и да уживате во празниците, без да имате потреба од некој друг покрај себе.

1. Направете некоја промена во вашата секојдневна рутина. Голема промена, како да се најдете штотуку сами после долга врска, ви овозможува да се редефинирате и да ги направите празниците повеќе по свои потреби, наместо постојано да се прилагодувате на туѓи. Оваа година не правете нешто само затоа што мислите дека треба. Наместо тоа, направете нешто во кое навистина ќе уживате.

2. Планирајте начини на кои можете да се измешате и забавувате со други самци. Така ќе имате позабавно дружење и нема да се сожалувате, туку баш напротив, ќе уживате.

3. Изразете благодарност за работите кои веќе ги имате во животот. Направете листа на работи и личности кои ве прават среќни, и изразете благодарност. Истражувањата покажуваат дека овие чекори помогнале во создавање на среќата.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

4. Фокусирајте се на ре-поврзување со своите пријатели и роднини. Убаво е да можеш да се посветиш на луѓето кои не сте имале прилика да ги гледате толку често, а се одлично друштво.

5. Направете нешто добро за другите за да ја подобрите својата самодоверба. Волонтирајте, подарувајте и тоа ќе ја урамнотежи силата која ја имате во себе, затоа што нема подобро чуство од помагањето и осветлувајќи го животот на некој друг.

6. Подарете си го подарокот на патување кое ви треба одамна. Можеби е баш тоа што ви треба за да се совземете, наполнете батерии и да се подготвите да ја започнете новата година полни со надеж и свежина.

7. Вежбајте за да си го подобрите расположението. Вежбањето го стимулира лачење на хормонот ендрофин, кој испраќа смирувачки ефект на нашите тела. Покрај тоа, ќе имате супер тело.

8. Ослободете го срцето и умот со чистење на вашиот дом. Ќе имате добро чувство на остварување, вредност и јасност. Тоа ќе го подобри вашиот дух.

9. Напишете листа на работи кои најмногу ги сакате кај себеси. Позитивните работи кои ги имате, правите и мислите ќе направат да се чуствувате важни, достојни и спремни за нови предизвици.

10. Предадете се на неколку „забранети“ задоволства. Дадете си себеси задоволство да надокнадите таму каде што не сте имале простор од бившиот партнер, како гледање на омилените серии, носење омилената облека, одење на „забранетите“ места. Тешко дека ќе се чуствувате тажно ако ги правите овие задоволства.

- Реклама -