Десет грешки што ги правите во бањата

Бањата е место во куќата каде одите кога сакате да се чуствувате чисто, зарем не? Но, немојте да бидете толку сигурно дека вашата бања е целосно чиста, иако изгледа така. Еве неколку чести грешки кои ги правиме во бањата, а кои можат да влијаат на вашето здравје.

1. Четката за заби ја чувате премногу блиску до тоалетната школка

Ако вашата четка за заби се наоѓа во близина од 1,8 метри од тоалетната школка, постои опасност од аеросолните честички од тоалетот да летаат насекаде во бањата кога ќе пуштите вода, според една студија од универзитетот Храдвард. Ако четичките одлетаат до вашата четка за заби, можете само да замислите што се може да ви се случи. Затоа, затворете го капакот кога пуштате вода и честото менувајте ја четката за заби. Но никако немојте да ја покривате, затоа што влажната средина која се создава во футролата за четка може да развие повеќе микороорганизми отколку кога стои на отворено.

2. Премногу долго користите еден ист пешкир

Лоша вест за сите оние кои не сакаат да перат: бактериите обожаваат да живеат во влажните пешкири. Кога повторно ги користите, бактериите се пренесуваат од пешкирот на вас. Ако имате било каква рана, можете да ја инфицирате со било што се наоѓа на пешкирот. Ако го делите пешкирот со некого, менувајте го секој ден, ако го користите само вие, менувајте го најмалку еднаш неделно.

3. Премногу долго ја користите истата мрежа/сунѓер за бањање

Немојте премногу да се приврзувате за мрежата за бањање, затоа што морате да ја фрлите на секои три до четири недели ако е од природни материјали, а секои осум ако е од вештачки. Една студија покажува дека некои бактерии можат спонтано да се развијат за само 24 часа на вашата мрежа, затоа бидете внимателни.

4. Не ги миете рацете доволно долго

Миењето на рацете е најефективното нешто што можете да го направите за да го спречите ширењето на инфекцијата, но повеќето од нас тоа го прави на погрешен начин. Студија од универзитетот во Мичиген покажа дека дури 95 проценти од луѓето ги мијат рацете помалку од 15 секунди. Се препорачува триење од 20 секунди за темелно миење на рацете една од друга. Можеби на вас ви делува како премногу, но сигурно е подобро отколку да поминете три дена во кревет поради грипот кој сте го добиле од неизмиените раце.

5. Вашата завеса за када е премногу голема

На местото каде завесата ја допира кадата и каде се витка обично се создава мувла и бигор. Наједноставен начин да се избегне ова е да ја скратите завесата неколку сантиметри на дното и од страна за совршено да одговара на големината на вашата када.

6. Одете боси во бањата

Дали мислите дека даската од тоалетната школка е најодвратното место во вашето купатило? Погрешно. Во една студија е откриено дека на подот во бањата има најмногу бактерии, дури еден милион на квадратен сантиметар, а тоа е 200 пати повеќе од санираријата. Затоа редовно чистете го подот на купатилото и користете папучи кога излегувате од када.

7. Користите ист сунѓер за сите површини

Дали со истиот сунѓер ја бришете кадата, огледалата, лабавото и тоалетот? Спречете го ширењето на бактериите со тоа што ќе одвоите повеќе од еден сунѓер за различни површини кои ќе се чистат редовно. Една студија покажа дека ако се стави сунѓер во микробранова, ќе убиете 99,99999 проценти од бактериите, а во машина за миење садови 99,99998 проценти.

8. Користите агресивни хемикалии за чистење

Секако, кога ја чистите бањата, сакате целосно да се убијат бактериите кои предизвикуваат инфекции и болести. Но, ќе бидете изненадени кога ќе дознаете колку од производите кои ги користите можат да влијаат негативно на вашето здравје. Ако сакате да исчистите потполно природно, исечете грејфрут или лимон на пола со многу сол и истријте ја површината, тоа ќе ги отстрани сите дамки и бањата ќе мириса прекрасно.

9. Ја користите тоалетната школка на погрешен начин

Неколку студии покажале дека многу е подобро да се клечи отколку да се седи на тоалетната школка. Всушност, додека клечиме додек вршиме нужда, ја намалуваме абдоминалната болка и напрегање. Исто така, оние кои клечат многу побрзо го испразнуваат мочниот меур од оние кои седат.

10. Премногу се бришете по нужда

Препорачливо е пред бришењето со тоалетна хартија, да се избришете со влажно шамиче која смее да се фрли во тоалетната школка, бидејќи така ќе спречите иритација.

- Реклама -